Ново: одговорните за цензура

Според најновите информации во медиумите (Вест, бр. 3593, Сабота/ Недела 16/17 Јуни, 2012), Градот Скопје се повлекува од одговорноста за вандалското уништување на уметничкото дело на ОПА кое беше дел од проектот на Арс Акта а во склоп на фестивалот Скопје Креатива. Според нив, одговорноста треба да се бара кај продуцентот на Скопје Креатива, Миодраг Костиќ. КООПЕРАЦИЈА ќе го следи процесот на барање официјално соопштение од одговорните лица за конкретните причини и одлуката да се издаде налог за ваквото уништување на уметноста во јавниот простор и интелектуалната сопственост.

11 thoughts on “Ново: одговорните за цензура

  1. Darthanyan says:

    УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Член 16: „Цензурата е забранета“.

  2. saso says:

    sloboda na lichno izrazuvanje BE! Sakal i go iskinal… toa e negovo izrazuvanje!!! Da ne trebalo da se cenzurira sebe? Zalepi si go bilbordot na zidot od tvojot dom i nikoj nema da mozhe da ti go iskine!!!!

  3. Филип says:

    Сашо, дали јас можам, користејќи го правото на слободно изразување, да ти ја искршам колата како дел од моето уметничко изразување (авангарда, јебига), доколку таа се наоѓа на јавен простор, а не во твојата ценета гаража?

    • saso says:

      filip mojata kola ne nosi nikakva provokacija, nitu poraka!!! Ne meshaj babi i zhabi!!! mojata kola ne e izrazuvanje!!! tolku li ne ti e jasno?!

    • saso says:

      ako na mojata kola napisham, na primer, filip e peder – SLOBODNO ISK|RSHI JA!!!! Znachi deka te provociram, i posledicite ne treba da me iznenadat!!! Dodusha ima i drugi nachini da se razbereme, no hiperboliziram za da se razbereme deka ne e isto mojata sina kola na parking i bilbord so poraka koja provocira!!!! Sfatete go simnuvanjeto na bilbordot kako del od performansot!!! |Duri i ako e umetnost (iako ne mi se chini taka), shto go izvadite deloto nadvor, na ulica, togash sluchajnosta na afektot ostanuva kako presmetan rizik!!!!

  4. ЦЕНЗУРАТА ЗАБРАНЕТА СПОРЕД УСТАВ
    Член 16
    Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
    Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
    Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и
    пренесување на информации.
    Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.
    Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.
    Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.

    Цензурата е забранета.
    (Устав на Република Македонија)

    @Филип
    Малку Ви е матен коментарот, ама во ред!
    Ако во погорниот текст (извадок од Уставот) се наоѓате себе си со коментарот што сте го оставиле (за уништување на туѓ во име на уметноста), тогаш можеби сте и во право!

  5. saso says:

    Во едно демократско општество кое се темели врз почитувањето и заштитата на човековите слободи и права, меѓу кои своето место го наоѓа и слободата на вероисповед, неправедно е да се постапува спротивно на слободата на верниците на тој начин што нивните чувства ќе бидат исмеани и повредени преку поставување на билборди кои презентираат некакво ’’средство што ги чисти и најнедостапните површини’’, алудирајќи така на фреските во црквата Св. Димитриј во Скопје.

    Почитувани, во сржта на православието е да се почитува слободниот избор на секој поединец. Но, во овој случај таа слобода ги пречекорува своите граници не само во религиозна, туку и во морална, етичка и правна смисла. Имено, на секој од нас слободата да мисли и да го изразува своето мислење му е неограничена, се’ додека таа не ги загрозува или повредува слободата и правата, изборот на другиот. Тоа е токму она што се случува во моментов. Дополнително, примената на овие демократски начела на кои сите се повикуваме, не е селективна. Човекот треба да биде демократичен не само кога демократијата му оди нему лично во прилог, туку и во обратен случај.

    Секој треба да се запраша какви последици по целото општество носат таквите дискриминаторски, нечовечни, во голема мера безмилосни пораки од група на луѓе кои својот личен став, револт или омраза кон верата го користат во борба против Црквата? Зарем некогаш Црквата излезе да го исмејува ликот на атеистот, агностикот или антитеистот? Не, бидејќи Таа е поучена од ликот на Христос Кој јадеше со митници. Христос Кој ги љубеше дури и оние што Го плукаа, а потоа и Го распнаа. Во посланието на Св. Апостол Павле до Римјаните (5,7-8) се вели: ’’ За праведник одвај ли некој да умре; за добар можеби некој и да се реши да умре. Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, уште додека бевме грешни. ’’

    Затоа, човек може и да не верува, тоа е негово лично право и определба, но не смее да се повикува на ’’Хитлерова слобода’’ со која ќе го измачува поединецот кој нема исти определби како неговите.

    Единствената слобода е во љубовта. Онаму каде што љубов нема, барем почитта може да постои. Во најмала рака, таа ќе направи човекот на човек да не е волк.

    Со почит,

    Здружение на граѓани ’’ Здружение за негување на православните вредности’’

    • Riste says:

      Mojata religija e umetnosta. Samo zatoa sto moite stavovi ne se poklopuvaat so vasite ne znaci deka nekoj od vas ima pravo da me ubie/ unisti fizicki. Vasite cuvstva nemaat prednost vrz moite, za koi, inaku, nemate poim nitu imate pravo da gi vregjate so unistuvanje na nesto sto voopsto ne go razbirate. Ne se obiduvajte da mi ja vadite iverkata od moeto oko dodeka prvo ne si go izvadite trupecot od svoeto. A, ako vekje ne sakate toa da go storite, barem ne se obiduvajte da seete omraza vo ime navasiot “Gospod”. Se odnesuvate kako banda ludaci i me terate da se sramam od vas. Umetnikot e tuka, megju vas, tokmu za da ve pottikne na diskusija i vi gi voochi vasite praznoverstva. Vistinata ne e vo simbolite, nitu vo slikite i nalicjata naslikani vrz trosno drvo sto Oginot kje go progolta. Tuku, poglednete vo vasite srca i ne gi progonuvajte onie koi umetnikuvaat vo moeto Ime. Vistina vi velam: prepoznajte gi znacite na vremeto i obidete se da posetite po nekoj Muzej na Sovremena Umetnost od vreme na vreme – kje naucite po nesto. Ne trosete vreme na obozuvanje predmeti tuku pronajdete go Umetnikot vo sebe si. Mir

      • mila says:

        Зошто кога ти го бараш тоа за тебе не дозволуваш и “другите“ (нелуѓето, дебилите, малоумните… верници) да го побараат истото за себе, односно да бидат рамноправни со тебе во своите права.
        Дома нацртај си каков сакаш постер немаш никаков проблем. Нема да ти тропне на врата никој од омразените верници, да те прекорува да го тргнеш постерот.

        До сите “атеисти“. Прочитајте ги своите постови пред да ги постирате и размислете напишаното што кажува за вас. Кога се полни со омраза, навреди и гнев, каква слика проектирате за вас во виртуелниов свет???

  6. saso says:

    nemate poim nitu imate pravo da gi vregjate so unistuvanje na nesto sto voopsto ne go razbirate. TVOI ZBOROVI!!! Ti imash pravo da barash svoe pravo da navreduvash neshto shto voopshto ne go poznavash, a nekoj drug nema pravo toa shto ti go pravish da go navredi?! Tvoite chuvstva se povazhni, ama samo za tebe, a ne i za mene!!! Toa e drag moj egocentrizam!!!! Inaku toa shto jas ne go razbiram (kako shto kazha), istoto toa go kazhuvam i jas za tebe – ti ne go razbirash toa shto go ponizhuvash, tokmu zaradi povredata na eden mnogu vitalen nadsetilen organ (duhovniot vid)!!!! Ne se razborame, ama barem da ne se provocirame i navreduvame!!!! Toa shto sakash da ti go pravat toa i ti pravi im go!!!!! Inaku tvojot rechnik e praznosloven, i ne veruvam deka imash umetnichka dlabochina koja opfakja makrokosmichni dimenzii na postoenjeto!!! Egoizmot i sebeljubieto se bolesti na dushata koi go rushat kosmopolitizmot kako osnova za edna sechovechka umetost!!!!

  7. saso says:

    i da znaesh deka ne sum nekoj aktiven vernik koj praktikuva hristijanski dobrodeteli, tuku sum obichen chovek prepoln so slabosti na chovechkata priroda. NO vashite aspekti se gji napushtija poziciite koi mozhe da se toleriraat!!! Ima edna tezha za samomarginalizacija, kade se pribegnuva sekogash za da se dozira pretenzijata na agresija i anarhizam i radikalizam!!!! Zashto vistinata koja ja bilbordiravte e mnogu subjektivna!!! Interpretativnata praktika vo umetnosta ima odnos sprema svetot i sebe, pa za radikalnoto svoevolie se dobiva namesto aplauz – jajce vo lice!!!! Toa e interen realizam, a vie koi tolku ste hrabri da tematizirate shto kje vi se kjefne, togash imajte ja istata taa hrabrost da se soochite i da si gji ponesete posledicite na taa drskost!!!! Shto cvikate?! E, ama toa e progresiven duh, a ne teoretska avtoferentnost!!!!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: