ЕПП: пост-изложба фотки

Учесници: Ѓорѓе Јовановиќ – ОПА – Игор Тошевски – Филип Јовановски – Никола Узуновски – Христина Иваноска – Јане Чаловски – Велимир Жерновски – Инес Ефремова – Владимир Лукаш

Филип Јовановски
Ти го сакаше мојот Walltschmerz, 2012
Инкџет принт

Ѓорѓе Јовановиќ, Величенстениот, 2012 Акрил на картон

Игор Тошевски, Напред кон минатото, 2012 дигитална графика

Инес Ефремова,
Ајде да си играме, 2012
Инкџет принт

Велимир Жерновски, PINK-MMXIV, 2012 Акрил и хемиско пенкало на хартија

ОПА, Keep Calm And Eat Chocolate, 2012 објект (комбинирана техника)

Владимир Лукаш, Ток свјести, Анти- витешка приказна, Слепиот патник, 
Postcard from my dealer, Приказна со повеќе завршетоци, Среќната фонтана, Скопје Pt. 2, 
Saló (Shitler), 2012 Комбинирана техника на хартија

Никола Узуновски, Разгледници, 2010 принт

Христина Иваноска и Јане Чаловски, Најдени пароли (пред некој ден) oставени во Точка (пред некоја година), 2012 Комбинирана техника на хартија и дрво, текстил

Христина Иваноска и Јане Чаловски, Онаму каде што требаше да има знаме што гордо ќе се вее, 2012 комбинирана техника

Христина Иваноска и Јане Чаловски, Без наслов (Ни право, ни држава!), 2009 Офсет постер

Фотографии: ОПА

One thought on “ЕПП: пост-изложба фотки

  1. Почитувани колеги и „Кооперанти“,

    во врска со вашиот „отворен повик за соработка“ на вашата веб страница, а во името на семејството Зиновски-Вилиќ, слободен сум да ве известам за следното:

    На состанокот на семејниот совет одржан на ден 27 мај од 7-10 ч., по дискусијата на единствената точка на дневниот ред – „Отворен повик за соработка на ‘кооперација’“ беа донесени следните заклучоци:

    1. Четиричленото семејство Зиновски-Вилиќ е согласно, пред да изврши молерисување, да и’ го овозможи на ‘кооперација’ својот стан на ул. Булевар Октомвриска револуција 12-1/9, Скопје со употреблива површина 50 м2 (без собата на Марко), на еднодневна употреба на ден 6 или 7 јуни 2012 помеѓу  од 19-22 ч. (согласно Законот за домување и куќен ред во колективни станбени објекти) за изложбените потреби на ‘кооперација’.

    2. Истата согласност е резултат на напорот (од завчера и институционално организиран во рамките на „Јадро“ – асоцијација на независната културна сцена) и семејството Зиновски-Вилиќ да и’ помогне на независната културна сцена вонинституционално (i.e. приватно). 

    3. Услови за користење на наведениот стан се: 
    – сѐ од куќната опрема и мебелот да остане на свое место за времетраење на изложбата;
    – станот да биде овозможен за нормална и секојдневна употреба во времетраење на изложбата (i.e. пиење вечерно кафе на домаќините и гледање на централните вести на Алфа ТВ во 19 ч. и: варијанта 1:  „Пулс со Ана Јовковска“ на истата телевизија во 20 ч. – ако е на 6 јуни или варијанта 2: „WinWin со Оливера Трајковска“ – ако е на 7 јуни; (поточно, да работи телевизорот));
    – може да се користат: дневната соба, ходникот, кујната, балконот на кујната и делот од надворешниот ходник пред влезот во станот и тоа на ѕидовите, комодите, пијаното, подот, работната маса на Небојша и сите други и слични површини, аудио (Rotel засичувач и B&W DM 303 звучници) и видео (DVD плеер и ТВ) опремата и 1 лаптоп (iBook G4, Tiger 10.4.11);
    – единственото изложено уметничко дело од семејната колекција (Мрѓан Бајиќ, „Резервоар“, 1995, цртеж и колаж на хартија каширана на платно, без рамка) да остане на ѕидот за времетраење на изложбата (види фотографија);
    – да се овозможи слободно движење на членот на семејната заедница – Морис „Куче“ (лабрадор, 20 месеци, во зрел пубертет и заради тоа малку повеќе „несташан“, особено на други машки кучиња) (види фотографија).

    3. Сопствениците се обврзуваат:
    – да им овозможат пристап во станот на сите заинтересирани уметници од „кооперација“ за изложување (со претходна најава) пред настанот;
    – да прифатат било каква изложена содржина (нема цензура);
    – да го пријават настанот кај престедателот на Заедницата на станари;
    – да ги покријат сите трошоци за потрошената електрична енергија, вода, сапун и тоалетна хартија;
    – да го исчистат ходникот (скалите и влезниот дел пред зградата) по завршувањето на настанот oд отпушоци, чаши и останат смет (отпадоци од кеси од „смоки“, чипсови, „бејк-ролс со лукче“, кроасани „7 дејс“ и сл. направени од посетителите на настанот).

    4. Заклучоците беа донесени со: 2 гласа „за“, 1 „сеедно ми е, шо сакате прајте “ и 1 „без глас“ (согласно биолошката неможност на Морис „Куче“ да се произнесе позитивно по точката).

    Во прилог на овој допис Ви го испраќаме и линкот [xxx] од којшто може да ги преземете и фотографиите од станот (се извинуваме за лошиот квалиетет) за ваш подобар увид во изложбените можности на станот. Телефон за контакт: — — —.

    Во исчекување на вашиот одговор и со надеж дека ќе ја прифатите нашата понуда и за успешна соработка, дозволете ни, на крајот, срдечно да ве поздравиме.

    Семејство Зиновски-Вилиќ
    Марко, Александра, Небојша и Морис „Куче“

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: