“V”, Виница, 14.07.2012

„Јас не зборува. Јас дејствува“ (Фридрих Ниче, „Така зборуваше Заратустра“)

Книги на буниште. Тажен призор за градот. Со несебичната помош на неколку мои блиски пријатели, извршивме мала акција за нивно спасување. Continue reading

“V” (интерактивен настан)

Грабни-бегај акција во соработка со ОЗТ Фабрика

датум: 14 јули 2012 (сабота)
локација: Димитар Влахов 10, Виница
време: 19:30
настанот ќе трае до 20 јули 2012, секој ден: 11:00-14:00 и 18:00-21:00

Стотици книги заедно формираат споменик во кој секоја од нив е истовремено сама за себе скулптура. Споменик кој постојано ја менува својата форма, маса, тежина, смисла, содржина; споменик кој се надоврзува на колективната меморија и подзаборавената улога на книгата. Споменик чија нова смисла ќе биде одново откриена во повторното раздавање/распарчување и споделување на токму онолку делови од колку е и направен, на онолку граѓани на кои тој навистина им припаѓа.

Лични политики

Локација: Бул. 8 Септември, бр.4 (локал на приземје), Скопје
Отворање: 29. 06. 2012, петок / 21:00
Поставката ќе може да се посети секој ден од 30.06 до 03.07 од 18:00 до 21.00

Инес Ефремова, Снежана Алтипармак, Дијана Богдановска, Немања Цвијановиќ, Марчело Брајновиќ, Борис Шемов, Симон Узуновски, Велимир Жерновски, ОПА, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Игор Тошевски, Никола Узуновски, Владимир Јанчевски, Харалд Шенкер Continue reading

Правото не познава чуда, текст на Данило Мандиќ

(објавен 23 Јуни, 2012 во Граѓански, бр. 8)

Цензурирање и уништување на уметнички (авторски) дела кои задираат во религиозни содржини не се невообичаени на ниту едно општество, дури и во оние демократски општества каде што слободата на изразување е основно загарaнтирано човеково право. Познатото уметничко  дело на Андреас Серано  фотографијата  Piss Christ (Уриниран Христос; (Из)мочан Христос) каде мало распетие е ставено  наводно во урината на уметникот, повеќе од две децении е предмет на дебати и напади од верските заедници чии чувства се навредени. Continue reading

ЦЕНЗУРАТА ЗАБРАНЕТА СПОРЕД УСТАВ

Член 16

Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.

Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и Continue reading

Ново: одговорните за цензура

Според најновите информации во медиумите (Вест, бр. 3593, Сабота/ Недела 16/17 Јуни, 2012), Градот Скопје се повлекува од одговорноста за вандалското уништување на уметничкото дело на ОПА кое беше дел од проектот на Арс Акта а во склоп на фестивалот Скопје Креатива. Според нив, одговорноста треба да се бара кај продуцентот на Скопје Креатива, Миодраг Костиќ. КООПЕРАЦИЈА ќе го следи процесот на барање официјално соопштение од одговорните лица за конкретните причини и одлуката да се издаде налог за ваквото уништување на уметноста во јавниот простор и интелектуалната сопственост.

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.